• недела, 22 декември 2024

Бугарски пратеник позитивен на Ковид-19, цел Парламент ќе биде тестиран

Бугарски пратеник позитивен на Ковид-19, цел Парламент ќе биде тестиран
Софија, 31 март 2020 (МИА) - Претседателката на бугарскиот Парламент, Цвета Карајнчева вечерва соопшти дека еден пратеник е позитивен на новиот коронавирус. Станува збор за пратеникот од редовите на партијата Движење за права и слободи (ДПС), Хасан Адемов. Карајанчева објасни дека сите пратеници ќе треба да бидат тестирани. Направена е организација и во текот на утрешниот ден ќе бидат подложни на тестирања во две здравствени установи во Софија. Останатите службеници во Народното собрание ќе бидат тестирани в четврток. Таа истакна дека дури откако ќе бидат познати резултатите од тестирањето, а тоа е за максимум 48 часа, ќе биде одлучено дали ќе се затвори Парламентот и за администрацијата и како да се продолжи со вонредниот состанок за ребаланс на буџетот, закажан за в четврток, на 2 април. Комисијата за буџет и Комисијата за енергетика нема да заседаваат утре. гт/

Остани поврзан