• петок, 22 ноември 2024

Бугарскиот претседател Румен Радев му го честиташе државниот празник на претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски

Бугарскиот претседател Румен Радев му го честиташе државниот празник  на претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски
Софија, 2 август 2022 (МИА) - Претседателот на Бугарија Румен Радев упати честитка и оствари телефонски разговор со неговиот колега претседател Стево Пендаровски по повод Националниот ден на Република Северна Македонија - 2 Август, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Радев, одбележувањето на Илинденско-Преображенското востание од 1903 година зазема значајно место во заедничката историја на двете земји и е само еден од примерите на богатата духовна и културна- историско наследство кое тесно ги поврзува земјите денес и нивните граѓани. Радев посочи дека нашата заедничка историја треба да стане вистински фактор за зближување меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, а за тоа треба да придонесат и државниците од двете страни. нк/

Остани поврзан