• вторник, 26 ноември 2024

Бугарскиот амбасадор очекува за неколку месеци да заврши постапката за екстрадиција на бегалецот Игор Спасов

Бугарскиот амбасадор очекува за неколку месеци да заврши постапката за екстрадиција на бегалецот Игор Спасов

Штип, 10 Февруари 2021 (МИА) - Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов нема информации дали бегалецот Игор Спасов, кој е фатен во Софија поради пријава за семејно насилство, а во земјава е виновен за убиството на Мартин Нешковски, е бугарски државјанин.

Посочува дека постапките за екстрадиција се подолги процедури.

-Како што знаете покрај тоа што се вклучени министерствата за внатрешни работи, тука се и министерствата за правосудство и за надворешни работи, неколку институции и судот. Така што кога ќе завршат сите процедури, јас  не можам да  знам. Тоа е една сложена процедура, која бара неколку месеци, вели Ангелов.

Македонскиот министер за правда, Бојан Маричиќ и официјално побара екстрадиција на Игор Спасов. Од ова Министерството денеска информираа дека во текот на вчерашниот ден по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти. вдј/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан