• понеделник, 23 декември 2024

Бугарска амбасада во САД: Се очекуваат протести и немири по изборите

Бугарска амбасада во САД: Се очекуваат протести и немири по изборите
Вашингтон, 3 ноември 2020 (МИА) - Вечерва по завршувањето на претседателските избори во САД, како и во следните неколку денови, постои голема веројатност од организирање протести и нарушување на јавниот ред и мир во поголемите американски градови, објави бугарската амбасада во Вашингтон на својот фејсбук-профил. Поради тоа бугарското дипломатско претставништво препорача да се избегнуваат места каде што има собирање на големи групи луѓе или претходни најави за можни инциденти. - Во таква ситуација, строго треба да се следат укажувањата на локалните власти и полицијата, наведува бугарската Амбасада во САД. гт/

Остани поврзан