• сабота, 29 јуни 2024

Бугарија/Избори: Тошко Јорданов - Паралелното пребројување покажува дека победник на изборите е „Има таков народ“

Бугарија/Избори: Тошко Јорданов - Паралелното пребројување покажува дека победник на изборите е „Има таков народ“
Софија, 11 јули 2021 (МИА) - Паралелното пребројување покажува дека победник на овие избори е партијата „Има таков народ“. Гласовите од странство сè уште не се пристигнати, изјави заменик-претседателот на партијата Тошко Јорданов. Тој истакна дека станува збор за податоци од паралелните пребројувања на две социолошки агенции. Станислав Балабанов, пратеник во 45-то Собрание, истакна дека без оглед на излезноста, ова е политичкиот крај на ГЕРБ. Тој посочи дека денеска е забележана и друга „политичка смрт“ - онаа на таканаречените „патриоти“. гт/

Остани поврзан