• понеделник, 23 декември 2024

Бугарија/Избори: Со гласовите на Бугарите од Лондон, партијата на Трифонов стана најбројна во новиот парламент

Бугарија/Избори: Со гласовите на Бугарите од Лондон, партијата на Трифонов стана најбројна во новиот парламент

Софија, 13 јули 2021 (МИА) - „Има таков народ“ стана првата политичка сила на парламентарните избори во Бугарија на 11 јули. Со гласовите на Бугарите од Лондон, решен е спорот за тоа дали „Има таков народ“ или ГЕРБ ќе биде најголемата партија во 46. Национално Собрание на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Според најновите резултати објавени од ЦИК на нејзината веб-страница, со гласовите кои пристигнаа во последен момент од Лондон, партијата на Слави Трифонов ќе има 65 пратеници од вкупно 240 пратеници, додека ГЕРБ на Бојко Борисов ќе има 63 места. Партијата на Трифонов веќе има 14.925 гласови повеќе од Борисов.

Според последните податоци на Централната изборна комисија во Бугарија, со обработени 99,95 отсто од протоколите, „Има таков народ“ ќе има 24,07 отсто, ГЕРБ 23,52 отсто. За партијата на Трифонов гласаа 656.907 луѓе, додека 641.982 за коалицијата ГЕРБ-УДФ предводена од Борисов.
Сепак, БСП останува трета политичка сила со 365.631 глас или 13,40 проценти. Следува „Демократска Бугарија“ со 12,63 отсто или 344.789 гласови, потоа Движењето за права и слободи, кое има 10,71 отсто или 292.383 гласачи. Последни се „Исправи се! Мафијата надвор на поранешниот народен правобранител на Бугарија, Маја Манолова, која ќе има 5,01 отсто или 136.765 гласови. нк/паг/

Остани поврзан