• петок, 22 ноември 2024

Бугарија/Избори: ГЕРБ очекува влада на партиите што протестираа

Бугарија/Избори: ГЕРБ очекува влада на  партиите што протестираа
Софија, 11 јули 2021 (МИА) -  Во својата прва реакција во јавноста од крајот на денот на изборите во Бугарија, партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов-ГЕРБ предвидува дека се појавува влада составена од партиите на протестите, што се одржаа пред една година. Според Тома Биков, тоа значи дека ќе има влада што нема да сноси одредена одговорност. Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова најави дека нема да поднесе оставка по изборите, бидејќи сега БСП и Бугарија имаат поважни задачи, како што е оваа земја да има функционална влада. Не било погрешно, според нејзиното мислење, од проектите што ги направи за широка левичарска коалиција. Таа им се заблагодари на своите коалициски партнери и рече дека тие први разговарале и оценувале за работата на БСП и нејзината широка левичарска коалиција. Таа коментираше дека БСП е подготвена да преговара за политики во различни области при формирањето на новата влада на Бугарија. Еден од лидерите на коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!“, Армани Бабикјан, коментираше дека неговата партија може да поддржи влада на промени. нк/

Остани поврзан