• сабота, 29 јуни 2024

Бугарија/Избори: Бугарско МВР: Нема информации за сериозни нарушувања на јавниот ред и мир во изборниот ден

Бугарија/Избори: Бугарско МВР: Нема информации за сериозни нарушувања на јавниот ред и мир во изборниот ден
Софија, 11 јули 2021 (МИА) - Нема информации поврзани со сериозни нарушувања на јавниот ред и мир на денот на изборите во Бугарија, соопшти Министерството за внатрешни работи во Софија. Од почетокот на изборната кампања до затворањето на избирачките места, бугарското МВР добило вкупно 1.139 информации за прекршување на изборното законодавство и правата на граѓаните. Во споредба со истиот период на претходните избори, има зголемување од 59,3 проценти. Изготвени се 10.176 протоколи за предупредување, што е зголемување за 519,4 проценти во однос на претходното гласање, соопшти МВР на Бугарија. гт/

Остани поврзан