• петок, 22 ноември 2024

Бруно Лаге повторно тренер на Бенфика

Бруно Лаге повторно тренер на Бенфика


Лисабон, 6 септември 2024 (МИА) – Иако е почеток на сезоната, веќе дојде до смена на тренерската клупа на португалскиот гигант Бенфика на која седна Бруно Лаге на местото на Роџер Шмит.
За 48-годишниот португалски стратег Лаге ова е враќање во Бенфика каде работеше од 2018 до 2020 година, а потоа беше тренер на Вулверхемптон и бразилски Ботафого.
„Во Бенфика се чувствувам како дома и имав голема желба да се вратам“, изјави Лаге чија задача ќе биде да го поправи лошиот старт на сезоната на клубот од Лисабон. Бенфика во моментов е на седмото место во на табелата и има две победи, реми и пораз.
Лаге доаѓа на местото на Германецот Шмит, кој ја предводеше Бенфика од 2022 година. Пред две сезони ја освои шампионската титула со Бенфика, но минатата сезона најдобар португалски тим беше Спортинг. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан