• петок, 20 декември 2024

Бројот на туристи во февруари намален за 41,7 проценти

Бројот на туристи во февруари намален за 41,7 проценти
Скопје, 12 април 2021 (МИА) - Бројот на туристи во февруари е намален за 41,7 проценти, а бројот на ноќевања за 36,8 проценти во однос на истиот месец лани. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, во февруари имало 27.569 туристи, а реализирани се 60.013 ноќевања. Бројот на домашните туристи е намален за 10,4  проценти, а бројот на странските туристи за 60,2 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 14,8 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 52,1 отсто. Во периодот јануари - февруари во однос на истиот период лани, бројот на туристите е намален за 45,7 проценти и тоа кај домашните туристи има намалување за 11,3 отсто, а кај странските за 65,4 отсто. Во овој период бројот на ноќевањата е намален за 38,9 проценти и тоа кај домашните туристи има намалување за 15,1 процент, а кај странските за 56,4 проценти. бак/сп/

Остани поврзан