• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бројот на повредени во пожарот на гасоводот во Малезија се искачи на 112

Бројот на повредени во пожарот на гасоводот во Малезија се искачи на 112

Куала Лумпур, 1 април 2025 (МИА) -  Бројот на повредени во пожарот на гасовод во Малезија се искачи на 112, а 63 лица се хоспитализирани, соопштија локалните власти.

Претходно беше соопштено дека 33 лица се повредени, а шестмина се пренесени во болница.

Заменик-началникот на полицијата на државата Селангор, Мохд Заини Абу Хасан, рече дека во пожарот биле оштетени и 49 куќи, пренесе Ксинхуа.

Се наведува дека магистралниот гасовод е исклучен и дека пожарот целосно ќе биде изгаснат откако ќе изгори преостанатиот гас.

Малезискиот премиер Анвар Ибрахим и нареди на државната влада да им помогне на жртвите од инцидентот.

Претходно денеска властите соопштија дека избувнал пожар на гасовод со кој управува државната енергетска компанија „Петронас“ во државата Селангор, во близина на главниот град Куала Лумпур. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан