• вторник, 24 декември 2024

Бројот на загинати во урнатата зграда во Флорида се зголеми на 11, се трага по 151 лице

Бројот на загинати во урнатата зграда во Флорида се зголеми на 11, се трага по 151 лице
Мајами, 29 јуни 2021 (МИА) - Бројот на загинати во урнатата зграда во близина на Мајами, Флорида, се искачи на 11, а операцијата за спасување продолжува. Локалните власти соопштија дека 151 лице сè уште се води како исчезнато. Спасувачките екипи пребаруваат под урнатините на зградата во градот Сурфајд  и покрај лошите временски услови и помалите пожари. На теренот, шест до осум екипи се менуваат наизменично и бараат знаци на живот. Причината за уривањето на зградата сè уште не е позната. Градот Сурфајд објави документ од 2018 година во кој се проценува дека ќе бидат потребни повеќе од девет милиони долари за решавање на проблемите презентирани во извештајот од истата година. Во тој извештај, инженерите откриле значително структурно оштетување околу базенот во зградата и пропаѓање на цементот во подземната гаража. Американските медиуми јавуваат дека еден месец по објавувањето на извештајот, градскиот службеник ги уверил станарите дека зградата е „во многу добра состојба“.
Загриженоста се зголемува и за соседната зграда, поради што градоначалникот ги повикува нејзините станари да се евакуираат. паг/  

Остани поврзан