• недела, 22 декември 2024

Бројот на загинати во пожарот во зградата во Валенсија се зголеми на 10

Бројот на загинати во пожарот во зградата во Валенсија се зголеми на 10

Валенсија, 23 февруари 2024 (МИА) - Бројот на загинати во пожар во станбена зграда во Валенсија се зголеми на 10, а градоначалничката Марија Хозе Катала прогласи тридневна жалост во овој град.

Весникот „Ел Паис“ наведе дека четири од жртвите се членови на исто семејство - татко, мајка, тригодишна ќерка и новороденче.

Шпанскиот центар за итни информации и координација соопшти дека четири повредени лица денеска се пуштени од болница, а на лекување се уште се двајца пожарникари кои и им пружале прва помош на настраданите.

Полицијата стигнала до четвртиот кат од опожарената зграда во обид да ги лоцира потенцијалните жртви, а на лице место биле и противпожарните и екипите за итна помош, пренесуваат шпанските медиуми.

Во Валенсија се формирани неколку пунктови со цел да се соберат информации и ДНК примероци на роднините на можните жртви.

Шефот на Истражниот суд број 10 во Валенсија отвори постапката за истрага за причините и околностите на пожарот и нареди доверливост на постапката во траење од еден месец со цел да се заштити полициската истрага и приватноста на жртвите и нивните семејства.

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, најави дека заедницата ќе добие помош, и дека ќе се работи на брзото собирање информации.

Експертот Естер Пукадес објасни дека полиуретанот, што се користи за покривање на фасадата, е елемент што во моментов се смета за главна причина за брзото ширење на пламенот.

Пожарот избувна вчера попладне и за само половина час ја зафати целата зграда со 14 ката и 138 стана, а набрзо се прошири и во соседната зграда. сд/

фото:Х

Остани поврзан