• петок, 22 ноември 2024

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Алепо, 29 март 2024 (МИА) - Бројот на загинати во израелските воздушни напади врз провинцијата Алепо во Сирија се искачи на 42, вклучително и шест членови на проиранската група Хезболах, соопшти денеска набљудувачката група.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека ова е најтешкиот напад на Израел врз Сирија во последните три години.

Организацијата додаде дека борците на Хезболах биле убиени кога утрово ракета погодила складиште на вооружената група и центар за обука на борците лоциран во негова близина во областа Џибрин во близина на меѓународниот аеродром во Алепо.

Цел на израелските бомбардирања беа и фабриките за воена индустрија во Ал Сафира, соопшти Центарот, а експлозии се слушнале и во Кафр Џум, западно од Алепо.

Во обид да ги пресретнат израелските ракети беа истрелани противвоздушни ракети од силите на Дамаск. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан