• понеделник, 23 декември 2024

Бројот на жртви следбеници на сектата во Кенија нарасна на 403

Бројот на жртви следбеници на сектата во Кенија нарасна на 403

Најроби, 18 јули 2023 (МИА) - Властите во Кенија денеска соопштија дека пронашле уште тела во шумата Шакахоле на истокот од земјата, со што бројот на жртви на сектата „Меѓународна црква на добри вести“ што повикива на постење нарасна до 403.

Тамошните власти очекуваат оваа последна потврдена бројка уште повеќе да се зголеми, бидејќи потрагата по масовните гробници се уште трае, речиси три месеци по откривањето на првите жртви.

Меѓу жртвите има и деца, кои загинаа во шумата Шакахола каде што се состанувале следбениците на сектата предводена од уапсениот Пол Макензи Нтенге.

Тој на своите следбеници им велел дека треба да постат за да „се сретнат со Исус“.

Нтенге се предал на полицијата на 15 април и веднаш бил приведен. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан