• сабота, 23 ноември 2024

Брод на Нил во карантин, на крузер со 2.000 патници му е забрането да се укотви во Тајланд и Малезија

Брод на Нил во карантин, на крузер со 2.000 патници му е забрането да се укотви во Тајланд и Малезија
Пекинг, 7 март 2020 (МИА) – Брод на Нил е ставен во карантин во Луксор, јужен Египет, откако 12 лица од повеќе од 150 туристи и членови на екипажот се позитивни на новиот коронавирус, а на крузер со 2.000 патници му е забрането да застане во пристаништа во Тајланд и Малезија. Египетските здравствени власти денеска соопштија дека еден тајванско-американски турист кој бил на бродот бил тестиран позитивно на вирусот по враќањето во Тајван кон крајот на февруари. Меѓу патниците има Американци, Французи и Индијци. Во изолација на бродот се 12 лица, а останатите ги чекаат резултатите од анализите. Малезиските власти утрово одбија да му издадат дозвола на патнички брод со околу 2.000 патници и членови на екипажот да се укотви во пристаништето во северната држава Пенанг, поради тоа што меѓу патниците имало 64 Италијанци. По Тајланд, Малезија е втора земја што му забрани на крузерот „Коста Фортуна“ да се укотви. На бродот вчера му беше забрането да се доближи до островот Пукет на Тајланд. „Коста Фортуна“ продолжи да плови кон Сингапур. јт/  

Остани поврзан