• сабота, 23 ноември 2024

Брнз: Наша основна цел е да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во ЕУ

Брнз: Наша основна цел е да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во ЕУ
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) – Наша основна цел е да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во Европската унија и сета наша работа е во насока на поддршка на тој процес, изјави амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, зборувајќи на панелот „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и соработката во кревка глобална средина“, на Самитот за Западен Балкан на „Економист“, што се одржува во хибриден формат денеска во Скопје. Кога зборуваме за нашата врска со Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан, нагласи Брнз, важно е да се истакне дека таа мора да биде базирана на солидарност и заедничка работа за предизвиците со кои се соочуваме сега, да ги направиме можностите за Западен Балкан, и партнерствата со ЕУ и САД. Зборувајќи за партнерството во одбраната и како тоа може да се продолжи и во други делови од меѓусебната соработка, Брнз рече дека постојат многу важни работи кои може да се направат. - Неодамна, со помош на САД бевме сведоци на договорот меѓу Естонија и Северна Македонија за помош во развојот на правна рамка и патоказ за дигитализација. Естонија има големо искуство во е-влада и дигитализација на услугите, изјави Брнз. Овие партнерства, посочи американската амбасадорка, ќе и помогнат на Северна Македонија, не само во исполнување на нејзините цели за членство во ЕУ, туку и за подобри услуги за самите граѓани. аа/са/

Остани поврзан