• понеделник, 23 декември 2024

Брнабиќ: СПЦ се обидува да реши прашања што придонесуваат за соработка и поврзување

Брнабиќ: СПЦ се обидува да реши прашања што придонесуваат за соработка и поврзување
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) - Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска во Скопје не сакаше да ги коментира односите и разговорите за црковните прашања меѓу Српската православна црква и МПЦ - Охридска архиепископија, но им се заблагодари на СПЦ и на српскиот патријарх Порфирије, затоа што, како што оцени, се обидуваат да решат прашања што придонесуваат за регионална соработка, разбирање и поврзување. - Јас како претседателка на Владата не можам да говорам за црковни прашања и не можам да ги коментирам одлуките на Српската православна црква. Сепак, сакам да кажам дека чувствувам голема благодарност кон СПЦ и неговата светост патријархот Порфирије за тоа што во еден отворен разговор и дијалог се обидуваат да решат некои прашања и со тоа директно да придонесат за регионалната стабилност, разбирање и поврзување и, се враќам повторно на тоа, поинаква иднина, што е одговорност на сите и нас и денес сите треба да работиме на тоа, рече Брнабиќ. ев/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан