Бритни Спирс и Елтон Џон го објавија својот дует
- „Прилично е 'кул' што пеев со еден од најтренди мажите на нашето време... Ова е голема работа за мене!!!“, напиша таа на Твитер.
Лос Анџелес, 26 август 2022 (МИА) - Бритни Спирс и Елтон Џон ја објавија песната „Hold Me Closer" - новата преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.
„Прилично е 'кул' што пеев со еден од најтренди мажите на нашето време... Ова е голема работа за мене!!!“, напиша Бритни на Твитер. За неа ова е големо враќање - по шест години вон сцената. Последната нејзина песна под назив „Slumber Party“ таа ја објави 2016 година. https://www.youtube.com/watch?v=8hLtlzkoGPk Џон неделава ја изведе песната и пред публика, во ресторан на југот на Франција. - Апсолутно сум воодушевен што имав можност да работам со Бритни Спирс. Таа навистина и икона - една од најголемите поп-ѕвезди на сите времиња и звучи неверојатно во оваа песна. Ја сакам многу и сум воодушевен од она што го создадовме заедно, истакна Елтон Џон. https://youtu.be/yYcyacLRPNs Списанието „Ролинг стон“ ја има вклучено оригиналната песна на Елтон меѓу 500-те најдобри песни на сите времиња, и тоа - на 47. место. си/