• недела, 22 декември 2024

Британски амбасадор во БиХ: Само државата Босна и Херцеговина може да одлучи за прекин на дипломатските односи

Британски амбасадор во БиХ: Само државата Босна и Херцеговина може да одлучи за прекин на дипломатските односи

Сараево, 23 март 2023 (МИА) -  Британскиот амбасадор во Босна и Херцеговина Џулијан Рејли денеска изјави дека само државата Босна и Херцеговина има овластување да носи одлуки за дипломатски односи со други држави.

„Сите вакви одлуки на претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик, им штетат на интересите и угледот на Република Српска. Амбасадата на Велика Британија ќе продолжи да работи за доброто на сите граѓани на БиХ“, рече Рајли, во врска со одлука на Владата на РС да ги прекине сите односи со британската и американската амбасада во БиХ .

Ваква одлука претходно најави претседателот на РС, Милорад Додик, кој е на „црните списоци“ на двете земји.

Владата на РС им наложи на сите институции на РС, локалните власти, како и претставниците на РС во институциите на Босна и Херцеговина да ги прекинат односите со американските и британските дипломати. ссм/

Остани поврзан