• петок, 22 ноември 2024

Британскиот јавен долг достигна 100 отсто од БДП

Британскиот јавен долг достигна 100 отсто од БДП

Лондон, 20 септември 2024 (МИА) - Британскиот јавен долг достигна точно 100 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во август, ниво што не е забележано од 1960-тите, и тоа прави притисок врз новата лабуристичка влада неколку недели откако го подготви својот прв буџет.

Јавниот долг на Британија, кој изнесува 2.546 милијарди фунти (нешто повеќе од 3.000 милијарди евра) - над 100 отсто од БДП.

Бројката објавена денеска е „прелиминарна проценка“, предупреди во соопштението Канцеларијата за национална статистика.

Јавниот долг со месеци се движи околу 100 отсто од БДП, зголемен поради помошта дадена за време на епидемијата на Ковид и енергетската криза.

Буџетскиот дефицит го продолжи своето неочекувано движење во август, достигнувајќи 13,7 милијарди фунти (16,3 милијарди евра), што е повисоко од прогнозата, според месечниот извештај на Канцеларијата за национална статистика објавен денеска.

Кумулативно од април, што е почеток на фискалната година, официјален Лондон позајми 6,2 милијарди фунти повеќе од предвиденото од страна на јавното тело за буџетски прогнози (ОБР). мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан