• петок, 22 ноември 2024

Британскиот систем е преоптоварен, неопходни нови мерки

Британскиот систем е преоптоварен, неопходни нови мерки
Лондон, 4 јануари 2021 (МИА) - Највисоките британски здравствени власти од Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска предупредија денеска дека постои реален ризик здравствениот систем во многу делови на земјата да биде преоптоварен во следните три недели, доколку не бидат воведени нови мерки против епидемијата на коронавирус. Тие предложија воведување вонредна состојба од четврти или петти степен пред вечерашното обраќање на британскиот премиер Борис Џонсон, кој, се очекува да најави воведување на построги ограничувачки мерки. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан