• понеделник, 23 декември 2024

Британската фунта поради ризикот од рецесија падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година

Британската фунта поради ризикот од рецесија падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година
Лондон, 7 септември 2022 (МИА) – Британската фунта денеска падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година поради стравувањата од рецесија и инфлација. Како знак на тежината на задачата што ја чека новата премиерка Лиз Трас да ја заживее британската економија, фунтата до 14 часот (16:00 часот по средноевропско време) денеска загуби 0,96 отсто на 1,1409 во однос на доларот, што е најниско ниво во последните 37 години, пренесува Бета. Трас вчера вети дека ќе ја обнови економијата и ќе ја „надмине бурата што ја зафати земјата“, што е многу предизвикувачка работа. Таа наследи економија во проблеми на работ на потенцијално долга рецесија со рекордна инфлацијата која според прогнозите ќе се влоши во наредните месеци и милиони луѓе кои бараат владина помош за да се справат со астрономските сметки за енергија. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан