• понеделник, 23 декември 2024

Британската амбасада со честитка за Денот на независноста – 8 Септември

Британската амбасада со честитка за Денот на независноста – 8 Септември

Скопје, 8 септември 2024 (МИА) – Британската амбасада во Скопје го честиташе Денот на независноста на Република Северна Македонија. 

- Честит Ден на независност! Ми претставува особена чест што испративме писмо од Неговото Величество, Кралот Чарлс Трети, до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, за да го честитаме празникот на сите граѓани и да го потврдиме блиското пријателство помеѓу државите, истакнал британскиот амбасадор, Метју Лосон.

По повод одбележувањето на Денот на независноста, Ендру Бренд, претставник на Британската амбасада положи венци во знак на почит пред вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, првиот претседател на македонската Влада Никола Кљусев како и пред Споменикот на паднатите борци од НОБ. ар/аа/

Фото: Британската амбасада во Скопје

Остани поврзан