Британка покрена петиција Жизел Пелико да добие Нобелова награда за мир
- Британката Кетрин Мејер покрена петиција за Французинката Жизел Пелико, жртва на сексуално насилство, да добие Нобелова награда за мир, а петицијата досега на интернет ја потпишаа неколку илјади луѓе.
Лондон, 9 јануари 2025 (МИА) – Британката Кетрин Мејер покрена петиција за Французинката Жизел Пелико, жртва на сексуално насилство, да добие Нобелова награда за мир, а петицијата досега на интернет ја потпишаа неколку илјади луѓе.
- Никој не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од неа. Тешко е да се замисли форма на насилство што претставува поголем предизвик за мирот од сексуалното насилство, изјави Мејер.
Таа покрена петиција на англиски јазик на веб-страницата Change.org на 20 декември, ден по завршувањето на судењето на поранешниот сопруг на Жизел Пелико и 50 други обвинети.
Петицијата вчера се појави на веб-страницата на француски јазик. Досега ја потпишале повеќе од 35.000 луѓе на двата јазика.
– Никој не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од Жизел Пелико. Време е да се обезбеди Нобеловиот комитет и неколкуте луѓе овластени да номинираат кандидати да преземат акција, се наведува во петицијата.
Кетрин Мејер беше коосновач на Партијата за еднаквост на жените, која водеше кампања за поголема родова еднаквост пред да биде распуштена минатата година. Таа е автор на неколку книги, вклучително и биографија на британскиот крал Чарлс Трети (Чарлс) во времето кога беше принц од Велс во 2015 година.
- Жизел Пелико успеа да се пробие низ маглата на дезинформации со откажување од анонимност за да присуствува на судењето на нејзините напаѓачи и да сведочи, изјави Кетрин Мејер.
Пелико стана икона за нејзината храброст да се соочи со своите силувачи.
Поранешниот сопруг на Французинката ја дрогирал и силувал својата сопруга и повикал десетици мажи во нивниот дом за да ја силуваат речиси 200 пати додека била во бессознание. Тој беше осуден на максимална казна од 20 години затвор. јт/