• понеделник, 23 декември 2024

Британија ќе дели брзи тестови за семејствата со деца кои посетуваат училиште

Британија ќе дели брзи тестови за семејствата со деца кои посетуваат училиште
Лондон, 28 февруари 2021 (МИА) - Министерството за здравство на Велика Британија денеска соопшти дека сите домаќинства со деца кои посетуваат основно или средно училиште еднаш неделно ќе имаат можност да добијат два брзи теста против Ковид-19, со цел да се направат напори учениците можно е поскоро да се вратат на училиште. Британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела објави дека е изготвен план за укинување на ограничувањата и понуди претпазлив пристап кон спречување на повторно воведување на сеопфатните ограничувања што и нанесоа штета на британската економија. Џонсон рече дека враќањето на учениците на училиште од 8 март, со минимални социјални контакти на отворено, е приоритет во првата фаза. Министерството за здравство соопшти дека комплетите за брзи тестови ќе бидат достапни од утре на повеќе од 500 локации, но тестовите ќе се спроведуваат и на работните места и во локалните центри за тестирање. Учениците од основните и средните училишта ќе бидат тестирани двапати неделно, најпрво во училиштата, а потоа ќе добијат тестови за домашна употреба. паг/  

Остани поврзан