• петок, 22 ноември 2024

Британија: Русија се обидува да го намали пристапот до вести на граѓаните во Украина

Британија: Русија се обидува да го намали пристапот до вести на граѓаните во Украина
Лондон, 7 март 2022 (МИА) - Русија најверојатно ги цели телевизиските кули во Украина, со цел да го спречи пристапот до вести на локалното население, соопшти британското Министерство за одбрана, јави ДПА. „Русија најверојатно ја цели украинската комуникациска инфраструктура, со цел да го намали пристапот на украинските граѓани до веродостојни вести и информации“, информираше денеска Министерството. Според официјални лица во Украина, телевизиската кула во источниот украински град Харков, беше уништена при руски напад во текот на вчерашниот ден. Најмалку пет лица загинале во сомнителен ракетен напад врз ТВ кулата во Киев во вторникот. Пристапот до интернет за Украинците, многу веројатно, исто така, е нарушен, како резултат на колатералната штета од руските удари врз инфраструктурата. Изминатата недела, прекини на интернетот се пријавени во Мариупол, Суми, Киев и во Харков, соопшти британското Министерство. бд/зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан