• понеделник, 30 декември 2024

Британија ги договори квотите за риболов со ЕУ и Норвешка

Британија ги договори квотите за риболов со ЕУ и Норвешка

Договорените квоти вредат 184 милиони фунти (255 милиони американски долари) за британската рибарска индустрија.
Со акциите управуваат заеднички ЕУ и Норвешка, а ограничувањата се поставени врз основа на упатствата од меѓувладината научна организација на Меѓународниот совет за истражување на морето.
Велика Британија излезе од ЕУ на 31 јануари 2020 година, но остана дел од единствениот пазар до крајот на годината до кога важеше преодниот рок.
Риболовот беше едно од најтешките прашања во трговските преговори по Брегзит. паг/

Остани поврзан