• четврток, 19 декември 2024

Рамафоса: БРИКС има потенцијал да создаде нов светски поредок

Рамафоса: БРИКС има потенцијал да создаде нов светски поредок

Јоханесбург, 19 јули 2023 (МИА) - Групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафриканската Република) е способна да го промени постоечкиот светски поредок со тоа што ќе го направи поправеден, изјави синоќа претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса, цитиран од Тасс.

-БРИКС веќе обединува околу 40 отсто од светското население и работејќи заедно нашата асоцијација може да биде катализатор за создавање побезбеден и поправеден светски поредок, истакна Рамапоса во својот говор на приемот по повод состанокот на политичките партии од земјите на БРИКС во Јоханесбург. 

„Мораме да бараме решенија за проблемите на сиромаштијата, гладот ​​и одржливиот развој во интерес на глобалниот југ“, додаде тој.

Рамафоса кажа и дека една од најитните задачи е да се реформираат ОН и особено Советот за безбедност. 

-Мора во поголема мера да се земат предвид интересите на земјите во развој и да се зголеми нивното присуство во структурите на меѓународните организации, рече јужноафриканскиот претседател и додаде дека „тоа важи и за финансиските структури“. сд/

Остани поврзан