• сабота, 21 декември 2024

Брестовац: Да ризикуваме едно големо натпреварување, ако сакаме повторно да имаме силна репрезентација

Брестовац: Да ризикуваме едно големо натпреварување, ако сакаме повторно да имаме силна репрезентација
Виена, 14 јануари 2020 (МИА) - Мислам дека во наредниот период треба да ризикуваме едно големо натпреварување ако сакаме да имаме повторно една силна репрезентација. Ова беа првите зборови на селекторот на ракометната репрезентација на С.Македонија, Данило Брестовац, по вечерашниот пораз од 32-28 од селекцијата на Австрија, по што го завршивме настапот на Европското првенство. Како причина за поразот Брестовац не гледа вина во одбраната, туку во нападот. - Повторно имавме слаба реализација, повторно при ситуација 6 на 5 не реализиравме. Тие беа пострпливи од нас и заслужено победија. На нас ни останува да работиме на самодовербата на младите играчи и да ги мотивираме за понатаму да се јавуваат при повикот за настап со националниот дрес. Мислам дека во догледно време би требало да имаме една силна репрезентација и мисламдека овие момци ќе се вратат еден ден на едно големо натпреварување многу посилни и сигурно ќе значат нешто во европскиот и светскиот ракомет, додаде Брестовац.

Остани поврзан