• понеделник, 25 ноември 2024

Брентфорд бара 60 милиони фунти за репрезентативецот Тони

Брентфорд бара 60 милиони фунти за репрезентативецот Тони

Брентфорд, 13 август 2024 (МИА)  - Фудбалскиот клуб Брентфорд сака најмалку 60 милиони фунти за својата ѕвезда Иван Тони, објави Би-Би-Си Спорт. Дваесет и осум годишниот напаѓач има договор со „пчелите“ до крајот на следната сезона.

Проблемот е што главните заинтересирани клубови Манчестер Јунајтед и Челси не се подготвени да платат толку висока сума за Англичанецот, чиј договор истекува за само една година.

Гласините кои го поврзуваат напаѓачот со Арсенал, исто така, веројатно нема да се остварат откако менаџерот Микел Артета изјави дека разгледува други опции за зајакнување на неговата ротација.

Тони е дел од тимот на Брентфорд од 2020 година. Има 141 натпревар и 72 гола во сите натпреварувања. За репрезентацијата на Англија има шест натпревари и еден гол. дс

Фото: Архива

Остани поврзан