Брендан Фрејзер со невообичаено прекумерна тежина во „Кит“
- Приказната се сосредоточува на Чарли - повлечен наставник по англиски јазик кој страда од компулсивно нарушување во исхраната и прекумерна тежина, и се обидува да се поврзе со неговата отуѓен
Лос Анџелес, 27 јули 2022 (МИА) - Продукциската куќа „А24“ ја објави првата слика од изгледот на глумецот Брендан Фрејзер во претстојната драма на Дарен Аронофски - „Кит“ (The Whale). Приказната се сосредоточува на Чарли - повлечен наставник по англиски јазик кој страда од компулсивно нарушување во исхраната и прекумерна тежина, и се обидува да се поврзе со неговата отуѓена ќерка тинејџерка Ел (Сејди Синк).
Филмот е адаптација на истоимената театарска драма од 2012 година, на Семјуел Д. Хантер. Во филмот ќе глумат и Хонг Чау, Саманта Мортон и Тај Симпкинс. Првиот режисерски труд на Аронофски по „Мајка“ од 2017 година, „Кит“ треба да има премиера на Филмскиот фестивал во Венеција оваа година, што ќе се одржи од 31 август до 10 септември. - Прилагодувањето на мојата претстава во сценарио за филм за мене беше вистински труд на љубов. Оваа приказна е длабоко лична и многу сум благодарен што ќе има шанса да допре до пошироката публика. Јас сум обожавател на Дарен уште од кога го видов „Реквием за еден сон“ кога бев бруцош на факултет и ги пишував моите први драми. И, јас сум му многу благодарен што тој го внесе својот единствен талент и визија во овој филм, изјави Хантер претходно за „Дедлајн“. Фрејзер се согласи дека филмот ќе биде „нешто што не е видено досега“. - Тоа е навистина сѐ што можам да ви кажам. Гардеробата и костимот беа обемни, беспрекорни, незгодни!, изјави глумецот. Филмот „Кит“ сѐ уште нема закажан датум за киноприкажувањата. си/паг/