• четврток, 04 јули 2024

Бредли од Лејкерс одби да учествува во продолжување на сезоната

Бредли од Лејкерс одби да учествува во продолжување на сезоната
Лос Анџелес, 24 јуни 2020 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ејвори Бредли, одби да учествува во продолжувањето на сезоната 2019/20 во НБА. - Јас сум лојален на моите соиграчи и партнери на Лејкерс, но на крај играм кошарка за моето семејство. ОД тој аспект, не можам да замислам дека донесов одлука што може да го загрози здравјето на моето семејство и на пријателите, изјави Бредли. Шестгодишниот син на кошаркар, Лиам, имал проблеми со респираторни заболувања, поради тоа не можел да биде со неговиот татко и семејството на кампусот во Орландо, каде е планирано да се преселат сите играчи кои ќе учествуваат во продолжување на сезоната во НБА. зс/

Остани поврзан