• недела, 22 декември 2024

Брег на Слоновата Коска: Потврдени 28 случаи на мпокс, еден починат

Брег на Слоновата Коска: Потврдени 28 случаи на мпокс, еден починат

Јамусукро, 21 август 2024 (МИА) - Во Брегот на Слоновата Коска се регистрирани 28 случаи на зараза со мпокс, при што едно лице почина од болеста, соопшти синоќа Националниот институт за јавно здравје.

Институтот потврди „28 потврдени случаи, вклучувајќи една смрт“ во Абиџан, изјави д-р Дауда Кулибали. Во претходниот извештај од 1 август, беа пријавени шест заразени лица, без смртни случаи.

Од африканските земји, најтешко е погодена Демократската Република Конго, каде се регистрирани 16.000 заразени, од кои 548 починале.ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан