• петок, 22 ноември 2024

Брегу повика на промена на процесот за пристапување во ЕУ

Брегу повика на промена на процесот за пристапување во ЕУ
Сараево, 9 мај 2022 (МИА) - Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу во име на Западен Балкан повика денеска на промена на процесот на пристапување кон Европската унија, соопшти РСС. -Пред тоа „доцна“ да потрае цел живот, процесот на пристапување треба да се смени. На подобро. Бидејќи цената на застојот во проширувањето на Западен Балкан е голема грешка, вели Брегу во нејзината изјава по повод Денот на Европа. Оценувајќи дека Европа „е вовлечена во најголема криза од Втората Светска Војна поради војната во Украина чиј крај е се уште неизвесен“, Брегу вели дека ова е „суштински момент и за Западен Балкан, кој докажува дека регионот може да придонесе во решението, исто како и сите други европски земји“. Секоја национална приказна е поинаква, но кога ќе се погледне подлабоко, темелните вредности се исти, вели Брегу - сите земји гледаат иднина во ЕУ. „Не, не сме Европјани само затоа што се согласуваме со вредностите во договорите за Европската унија, туку сме европјани зашто така сме избрале да бидеме“, вели Брегу. Изјавата на Брегу доаѓа во исто време кога ЕУ, во рамките на сеопфатни дискусии за Иднината на Европа, го преразгледува и процесот на гласање на клучните одлуки, односно правото на употреба на ветото. зш/

Остани поврзан