• понеделник, 23 декември 2024

Брегу: Очекувам Договорот за движење со лични карти во Западниот Балкан да биде оперативен до крајот на годинава

Брегу: Очекувам Договорот за движење со лични карти во Западниот Балкан да биде оперативен до крајот на годинава
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Меѓународните договори за движење со лична карта, за признавање на високообразовните квалификации и за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина и стоматологија, како и архитектите, би почнале да важат 30 дена по нивното доставување до Северна Македонија како депозитар на овие договори, откако ќе бидат ратификувани во земјите од Западен Балкан, најави генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу во интервју за босанскиот онлајн медиум „Политички.ба“. - Исклучително ни е драго што минатата недела министрите за надворешни работи од шесте земји ги одобрија овие три договори на кои РЦЦ работеше интензивно две години и со потписите на лидерите за време на самитот во Берлин (идната недела) ќе добијат зелено светло, изјави Брегу. Таа појасни дека со оглед на тоа што станува збор за меѓународни договори се очекува ратификација во парламентите на сите земји, но се надева дека договорот за лични карти ќе биде оперативен до крајот на годинава. Запрашана за наредните чекори на РЦЦ, Брегу одговори дека целта е намалување на цените на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, нагласувајќи дека очекува првите резултати да бидат постигнати веќе до средината на 2023 година. мд/сп/

Остани поврзан