• сабота, 16 ноември 2024

Браун: Тешко е да се победи кога судиите се неконзистентни

Браун: Тешко е да се победи кога судиите се неконзистентни

Милвоки, 15 јануари 2024 (МИА) – Тренерот на Сакраменто кингс, Мајк Браун ги обвини судиите за поразот на неговиот тим ноќеска на гостувањето кај Милвоки бакс.

„Кралевите“ загубија со 143:142 по продолжение, а Браун, на прес-конференција по мечот кажа кои се неговиет замерки кон судиите.

Во четвртата четвртина Браун беше незадоволен од недосуден прекршок, по што за малку ќе го нападне судијата. Тој мораше да биде повлечен настрана од кошаркарот Малик Монк, и тренерот беше исклучен.

- Судиите се обични луѓе, можат да прават грешки, тоа е нормално. Но, би сакал само да видам доследност во нивната работа, некаква интеракција меѓу нив. Вечерва судиите не покажаа конзистентност, изјави браун.

Тој на прес-конференцијата дојде со лаптоп. На новинарите им покажа сцени од Демијан Лилард, кој заработи три слободни фрлања поради прекршок во моментот на шут, како и Де'Арон Фокс, кој не беше заштитен за прекршок при додавањето.

-Имавме шанса да победиме, но не ни успеа. Кога судиите се неконзистентни, станува прилично тешко. Не е лесно да се справиш со тоа, додаде Браун.

Сакраменто со биланс 23 побеи и 16 порази се наоѓа на 6. место во Западната конференција на НБА-лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан