• понеделник, 23 декември 2024

Бранителката на титулата Рибакина го откажа настапот во Рим

Бранителката на титулата Рибакина го откажа настапот во Рим


Рим, 10 мај 2024 (МИА) – Казахстанската тенисерка Елена Рибакина нема да ја брани титулата на ВТА турнирот во Рим, откако објави денеска дека се повлекува поради болест.
Рибакина во денешното прво коло требаше да игра против Романката Ирина Камелија – Бегу. На нејзино место ќе настапи Французинката Осеан Доден.
Дваесетичетиригодишната Рибакина е четврторангирана на ВТА листата.
Рибакина во кариерата има осум трофеи, вклучувајќи ја и титулата од ланското издание на турнирот во Рим.
Нејзиниот најголем успех е освојувањето на Вимблдон во 2022 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан