• понеделник, 23 декември 2024

Бразилскиот претседател Лула да Силва се чувствува добро откако се здоби со повреда на главата

Бразилскиот претседател Лула да Силва се чувствува добро откако се здоби со повреда на главата

Бразилија, 21 октомври 2024 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.

Претходно, Лула на социјалните мрежи објави своја фотографија со Падиља и советникот за надворешна политика Селсо Аморим за време на денешниот состанок на кој разговарале за активностите планирани за наредните денови.

Во објавите не се дадени детали за здравствената состојба на Лула. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан