• вторник, 24 декември 2024

Бразилскиот министер за здравство е болен, постои сомнеж дека има Ковид-19

Бразилскиот министер за здравство е болен, постои сомнеж дека има Ковид-19
Бразилија, 21 октомври 2020 (МИА) – Бразилскиот министер за здравство Едуардо Пазуело се разболе и постои сомнеж дека има коронавирус, соопшти Министерството. Тој има треска и ќе биде тестиран за Ковид-19. Пазуело во понеделникот пропушти јавен настан, а претседателот Жаир Болсонаро рече дека не се чувствува добро и оти заминал во болница. Во меѓувреме, тој е пуштен од болница и е дома. јт/

Остани поврзан