• четврток, 19 март 2026

Брага избори четвртфинале во Лига Европа

Брага избори четвртфинале во Лига Европа

 

Брага, 18 март 2026 (МИА) – Фудбалерите на Брага се пласираа четвртфиналето на Лига Европа, откако вечерва во реваншот на домашен терен го совладаа Ференцварош со 4:0 и ја анулираа негативата од 0-2 од првиот дуел во Будимпешта.

Брага поведе со голот на Рикардо Орта во 11. минута, а Флоријан Грилиќ го усвои водството само четири минути подоцна.

До крајот на полувремето Брага дојде до предност од 3-0, со голот на Габри Мартинез во 34. минута, а конечниот резултат го постави Орта со својот втор гол на натпреварот во 53. минута.

Во четвртфиналето, Брага ќе игра против победникот од пресметката меѓу Панатинаикос и Бетис.

Во првиот натпревар, грчкиот тим победи со 1:0, а реваншот е закажан за в четврток во Севиља. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан