• понеделник, 23 декември 2024

Бојмацалиев во посета на управните служби во МТВ: Досега доставени 4.355 лични карти на домашна адреса на граѓаните

Бојмацалиев во посета на управните служби во МТВ: Досега доставени 4.355 лични карти на домашна адреса на граѓаните

Скопје, 16 февруари 2024 

Денеска (16.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска, ги посети управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел да изврши увид во процесот на замена на личните документи на граѓаните.

Притоа, на средба со раководството на оваа организациона единица, беше информиран за текот на процесот на достава на личните документи на домашна адреса на граѓаните.

„Овој процес започна на 17 јануари и веќе тече еден месец. На мое големо задоволство, како што бев информиран од страна на раководството, граѓаните одговараат многу позитивно на овој процес, при што само 5% од граѓаните не се најдени на домашна адреса за достава. Во рамките на овој период доставени се 4.332 лични карти на домашна адреса на граѓани”, рече Бојмацалиев.

МВР

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МВР

 

Остани поврзан