• понеделник, 23 декември 2024

Бошњаците и Албанците го поддржаа Ѓукановиќ во трката за нов претседателски мандат во Црна Гора

Бошњаците и Албанците го поддржаа Ѓукановиќ во трката за нов претседателски мандат во Црна Гора

Подгорица, 15 март 2023 (МИА) - Бошњачката партија (БС), Демократската унија на Албанците (ДУА) и Демократската партија (ДП) ќе го поддржат актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на претседателските избори закажани за в недела, објавија подгоричките медиуми.

Според ЦДМ, властите на БС одлучиле да го поддржат Ѓукановиќ на претстојните избори, а според „Вијести“, истата одлука донеле и двете албански партии, ДУА и ДП.

Претседателските избори во Црна Гора се одржуваат в недела во многу вжештена атмосфера поради тешката повеќемесечна институционална и политичка криза.

Во претседателската трка учествуваат седум кандидати, а доколку ниту еден од нив не добие повеќе од 50 отсто поддршка, вториот изборен круг ќе се одржи на 2 април.

Претседателски кандидати се актуелниот претседател и кандидат на ДПС, Мило Ѓукановиќ, претседателот на Демократите, Алекса Бечиќ, претседателот на Нова српска демократија и еден од лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ, заменик-претседателот на Движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ, пратеничката на СДП, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ, лидерот на Обединета Црна Гора, Горан Даниловиќ и инфлуенсерот Јован Радуловиќ. сд/

Остани поврзан