• вторник, 19 ноември 2024

Бочварски: Преку голем број проекти и иницијативи до одржлив развој и побрза енергетска транзиција

Бочварски: Преку голем број проекти и иницијативи до одржлив развој и побрза енергетска транзиција

Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска присуствуваше на Економскиот форум во Валандово, каде се обратил на панелот посветен на нови енергетски трендови и одржлив развој.

Тој потенцира дека преку голем број иницијативи и мерки што ги реализираше Владата успешно се ублажени последиците од енергетската криза и дополнително преку кои се придонесува кон енергетска транзиција. Тоа, нагласил, особено се рефлектираше во делот на поставување на фотонапонски електроцентрали од страна на домаќинствата и бизнис заедницата.

- Силно сме посветени во реализација на многубројни проекти со цел обезбедување одржлив развој, енергетска транзиција и носење иницијативи преку кои наметнуваме нови енергетски трендови. Минатата година поминаа измените во Законот за градење со кои ги поедноставивме процедурите за поставување фотоволтаици и можам да кажам дека сум задоволен од големиот интерес кај граѓаните и бизнисите, што значи дека политиките што ги водиме носат позитивни резултати. Во истата насока, активно ја градиме и гасоводната мрежа низ цела држава, а посветено работиме и на доизградба и реконструкција на патната и железничката инфраструктура, со што со сите овие проекти сериозно придонесуваме кон намалување на загадувањето и обезбедување поздрава животна средина и квалитетни услови за живот за сите граѓани, истакна министерот Бочварски, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски, се подвлекува, продолжува активно да работи на реализација на голем број проекти со кои се обезбедуваат значајни бенефити за граѓаните и стопанството, со цел одржлива економија и забрзан раст и развој. цр/сп/

Фото: Министерство за транспорт и врски

Остани поврзан