• четврток, 19 декември 2024

Бочварски - Едштадлер: Најавуваме крупни инвестиции во инфраструктурата

Бочварски - Едштадлер: Најавуваме крупни инвестиции во инфраструктурата
Скопје, 30 март 2022 (МИА) - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната средба со австриската сојузна министерка за Европска унија и уставни прашања, Каролине Едштадлер посочил дека Австрија е наш силен поддржувач на патот кон ЕУ интеграцијата и очекува интерес за вклучување на австриските компании, во однос на инвестициите во патната и железничка инфраструктура. Средбата е во рамки на официјалната посета на министерката на Северна Македонија, а присуствуваа и претставници на бизнис заедницата од Австрија. Како што соопштија од Министерството, Бочварски пред присутните ги презентирал стратешките проекти на Владата во рамки на Националната Транспортна Стратегија во делот на патната и железничката инфраструктура. Тој посочил дека Австрија е наш пријател и силен поддржувач на нашиот пат на ЕУ интеграцијата. -Драго ми е што денеска во посета на земјава е сојузната министерка Едштадлер, заедно со претставници од бизнис заедницата од Австрија. Разговаравме за нашите идни инвестиции во патната и железничката инфраструктура каде очекуваме интерес за вклучување и на австриски компании. Остануваме посветени на нашата агенда за модернизација на инфраструктурата низ целата држава за интеграција во европските транспортни системи.“ – изјави министерот Бочварски. На средбата била потврдена добрата меѓусебна соработка и поддршката на Австрија на патот на евроинтеграциите на нашата држава.бт/са/

Остани поврзан