• петок, 22 ноември 2024

Бочварски во посета на Општина Лозово

Бочварски во посета на Општина Лозово

Лозово, 25 декември 2023 (МИА) - Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ја посети општината Лозово, каде изврши увид и во градежните активности на реконструкција на главната улица во населеното место Аџиматово, проект исто така што се реализира преку Министерството за транспорт и врски.

Тој во рамките на посетата на Аџиматово, оставри средби и со локалното население. Во Општина Лозово преку Проектот за поврзување со локални улици и патишта се инвестирани над 580 илјади евра, а до сега се реконструираа вкупно 23 локални улици и патишта во општината.

Министерот Бочварски претпладнево изврши и увид во градежните работи на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Општина Пробиштип. Инвестицијата е во висина од речиси 10 милиони денари, а во моментов се работи на поставување на потпорни ѕидови во должина од 140 метри.

-По завршување на потпорните ѕидови, ќе се пристапи кон проширување на улицата и изградба на тротоари, со што улицата ќе добие нов лик, а на граѓаните ќе им овозможиме зголемена безбедност при движење по овој дел од градот, рече Бочварски во Пробиштип. вдј/дма/

Фото: МИА  

Остани поврзан