• вторник, 05 ноември 2024

Бочварски: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во Велес 

Бочварски: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во Велес 

Скопје, 8 април 2024 (МИА) - Инвестициите во инфраструктурата се од клучно значење за економскиот раст и развој на сите општини во државата. Посебно ако тие директно се насочени кон обезбедување локален економски развој, вклучително и подбрување на условите за живеење на граѓаните. Ова го истакнал министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при денешната работна посета во општина Велес.

Бочварски, како што информира Министерството за транспорт и врски, извршил увид во рехабилитацијата на улицата „8 Март“, која се реализира преку ресорното министерство. На улицата денеска се поставувало нов слој на асфалт.

Според Бочварски, денешната посета во Велес ја покажува силната заложба за обезбедување подобри услови за живеење на граѓаните и за поквалитетна локална инфраструктура.

- До сега во Велес ги реконструиравме улиците „Андон Шурков“, „Лазо Осмаков“, „Орце Мартинов“ и „Живко Фирфоф“, со дел од „Благој Ѓорев“ за што инвестиравме 572 илјади евра. Во втора фаза ја реконструираме оваа улица „8 Март“, на која се наоѓаме и денеска и која е веќе е завршна фаза, а по нејзиното завршување продолжуваме со реконструкција и на улиците „Луј Пастер“ и „Љубљанска“ за што вкупно вложуваме 509 илјади евра. Владата, преку Министерството за транспорт и врски продолжува силно да ги поддржува локалните самоуправи, обезбедувајќи им неповратни средства за реализација на голем број на вакви проекти во патната мрежа кои носат значаен бенефит за сите граѓани, изјавил Бочварски.

Преку овој проект Министерството за транспорт и врски, како што се наведува во соопштението, директно инвестира средства во висина од 70 милиони евра во општините, а до сега реконструирани се над 180 локални улици и патишта во преку 60 општини низ државата. мд/нд/

Фото: Министерство за транспорт и врски

Остани поврзан