Ботафого стана шампион на Бразил за прв пат по 29 години
- Ботафого синоќа го победи Сао Паоло (2:1) во последното коло на бразилското фудбалско првенство и стана национален шампион.
Рио, 9 декември 2024 (МИА) - Ботафого синоќа го победи Сао Паоло (2:1) во последното коло на бразилското фудбалско првенство и стана национален шампион.
Џеферсон Саварино и Грегороре погодија за домаќините, а гостите одговорија со прецизен удар на Вилијам Гомез.
Ботафого го зазеде првото место во поредокот со 79 бодови, шест бода повеќе од Палмеирас, кој загуби од Флуминенсе (0:1).
Ова е трета шампионска титула за Ботафого во Бразил. Претходно, тимот од Рио де Жанеиро успеа да победи во 1968 и 1995 година.
На 1 декември, Ботафого за прв пат го освои Копа Либертадорес. зс/
Фото: ЕПА