• петок, 05 декември 2025

Ботафого елиминиран во осминафиналето на Копа Либертадорес

Ботафого елиминиран во осминафиналето на Копа Либертадорес

 

Кито, 22 август 2025 (МИА) – Фудбалерите на Ботафого не успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Копа Либертадорес, откако синоќа загубија со 0:2 од еквадорскиот ЛДУ Кито во реванш осминафиналниот натпревар.

Шампионот на Бразил, кој е актуелен освојувач на Копа Либертадорес, допатува на реваншот во Кито со предност од првиот натпревар во Рио де Жанеиро со 1:0, но претрпе елиминација со вкупен резултат од 1:2.

Предноста на еквадорскиот клуб во реваншот ја донесе Габриел Виљамил со гол во седмата минута, а конечниот резултат го постави Лисандро Алзугарај од пенал во 60 минута.

ЛДУ Кито во четвртфиналето ќе има уште еден бразилски противник и ќе игра против Сао Паоло, кој во осминафиналето го елиминираше колумбиски Атлетико Насионал. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан