• понеделник, 23 декември 2024

Ботас ќе настапи на Трката на шампиони за прв пат во кариерата

Ботас ќе настапи на Трката на шампиони за прв пат во кариерата
Лондон, 21 септември 2021 (МИА) - Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе учествува на Трката на шампиони за прв пат во својата кариера, соопшти прес-службата на натпреварувањето. Тој ќе се бори за титулата „Шампион на шампионите“ и ќе ја претставува Финска на Купот на нации. - Со нетрпение очекувам конечно да се натпреварувам во Трката за шампиони. Го гледав овој натпревар на ТВ многу години. Фактот дека овој пат трките ќе се одржат на снег и мраз ги прави уште поинтересни. Учествував на Арктичкото рели неколку пати и се надевам дека ова искуство ќе ми помогне да ги победам силните противници, особено нашите северни соседи, претставници на Шведска и Норвешка, со цел да придонесам за подобри резултати на Финска во Купот на нации, изјави Ботас. Последен пат Финска го освои Купот на нации во 2006 година. Трката на шампионите е меѓународен натпревар во автомобилски трки во кој се натпреваруваат пилоти од различни серии. Овој пат турнирот ќе се одржи во февруари 2022 година во Шведска во близина на Арктичкиот круг. зс/

Остани поврзан